
Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
10 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 1.5 кг. лубеница
- 3 лимони
- 2 лажици мед
- ½ л. минерална вода
- 6 гранчиња нане за декорација
Подготовка
Исечете ја лубеницата на коцки и исчистете ја од семките.
Ставете ја лубеницата во блендер. Додадете сок од три лимони и 2 лажици мед и мешајте додека да добиете мазна смеса.
Потоа процедете ја смесата низ цедилка во еден поголем сад.
Приготвениот сок чувајте го во фрижидер до служење.
Во голема чаша измешајте 2/3 од приготвениот сок од лубеница и лимон со 1/3 студена минерална вода. Додадете коцки лед и декорирајте со ливчиња нане.
На здравје!