Во петокот попладнето, светот застана да гледа двајца вработени на Базфид како ставаат ластици околу лубеница. Во најбесмислената употреба на новата "лајв видео" опција на Фејсбук, Базфид успеа да собере 800.000 луѓе кои во живо го гледаа ставањето ластици. Не шерови, не лајкови, туку директни гледачи.