Во јануари едвај стигаше до 30 милиони месечно (да, многу е, ама не и за Базфид), и тоа главно од стари статии и видеа. Во целиот процес им се намали гледаноста, отпуштаа, намалуваа плати и се дознаваа слични инсајдерски информации што алудираа на тоа дека компанијата се мачи. И тие два-тројца креатори што им ги сметаа за најјаки им отидоа, па се поставува прашањето, кој ќе ги држи на површина?
Текстови и наслови по какви што се прославија веќе не проаѓаат така лесно, а трендовите се менуваат од месец во месец. Едно време беше возбудливо да се кликне на „Во кој Дизни порнич треба да глумиш“ или „10 знаци дека се претвораш во твоите *вметни раса* родители“, сега е тоа веќе старо.
Уште една шајка на ковчегот им беа и избеганите вработени што анонимно (или не) почнаа да споделуваат на кој сѐ начин од Базфид не биле фер кон правата на нивните содржини.
Еден од коментарите под видеото фино ќе сумира:
„Базфид од 15 нешта што можеш да ги правиш на одмор со друштво се претвори во Зошто белите мажи не заслужуваат човекови права.“
Е па…
Анализата ја прави каналот SunnyV2 кој ова го нарекува и „Неверојатно задоволувачката смрт на Базфид“.