Кој е крив што Базфид издиша?

20 милиони претплатници на Јутјуб и само 20 и нешто илјади прегледи на нивните видеа, е статистиката што некогаш незапирливата младешка медиумска империја ја има изминативе месеци и години.

Болката од константниот пад на гледаноста на видеата на Базфид само ескалираше изминативе 45 денови период во кој вредноста на акциите на компанијата падна од 10 на 4,3 долари за акција.

Паралелно со ова Базфид последниве години повеќе е присутен во медиумите заради отпуштање на десетици вработени и заради губење на довербата во нивните вести.

На анкета од 2017 од Универзитетот во Мисури, во која се испрашувани над 8.000 студенти главно со наклонетост кон либералите, Базфид бил втор најмалку веруван медиум во САД. На истата листа го има и Инфоворс на Алекс Џоунс кој е за три места подобро рангиран од Базфид.

Главна процена за неприликите на Базфид и нивниот последователен пад е скршнувањето од патот по кој почнаа во 2006. Содржините во првите десетина години на Базфид главно беа апсурдно бесмислени наслови околу кои се крои остатокот од текстот или квизот. Пример: „Во кој Дизни порнич треба да учествуваш?“ „Зошто е време да се забранат стрејт луѓе,“ или „Таткото на Аладин е врвниот ДИЛФ на сите времиња“.

„Иако ова очигледно се бесмислени статии направени со цел да бидат толку глупави за да не можеш да се воздржиш да не кликнеш на нив, ова е тоа во што Базфид беше добар, правење екстремно кликачки статии кои често пати водат до нешто што ќе биде блиско за нивната млада публика,“ се објаснува во анализата.

Во својот пик, август 2015, видеата на Базфид на Јутјуб само за еден месец имаат 377 милиони прегледи.

Главната промена што се случува во Базфид е во нивната политика и се поголемата наклонетост кон крајно левичарски теми:

„Полека дегенерираше во екстремно левичарска безвезност. Стана преплавено со екстремисти и радикали.

...Наместо да се фокусира на духот на рамноправноста тоа стана опседнато со реториката на жртва.            

Деновиве Базфид главно стана Шитфид.“

Тежината на погрешните одлуки на Базфид се гледа и во успехот што го имаат бројни видео креатори кои кариерата ја почнуваат на сајтот, и потоа уште поуспешно продолжуваат кога го напушаат.

21 јануари 2022 - 16:09