Добрите вести според Херн се дека ова нема врска со мешањето на неодамна спомнатите куратори во трендинг делот на Фејсбук.
За Херн најизненадувачкиот дел со трендинг вестите на Фејсбук не е што луѓето се мешале во работата на алгоритамот и бирале што ќе се објавува во трендинг вестите, туку "проблемот е што дури и со луѓе што директно работат на овој дел, тој сепак е ужасен. Резултатите од овој дел се толку лоши што јас мислев дека се комплетно од алгоритам."
Како пример Херн ја дава трендинг веста што му се појавува во "наука и технологија" пред некој ден, која гласи:
"Квебек, Канада: Делови од провинцијата ќе имаат врнежи од снег."
Додека во трендинг делот барем има со кого да разговараш за да знаеш што се случува, макар тоа биле и негови поранешни куратори, кај њузфидот целата работа е комплетна мистерија, и комплетниот избор на тоа што ти се појавува на тебе на Фејсбук се сведува на - алгоритамот така одлучи.
"И така останува секој ден, комплетно диктирајќи ја содржината што ќе ја гледаат над милијарда корисници на најголемата социјална мрежа во светот.
Можеби баш затоа мнозинството од Фејсбук корисниците не ни сфаќаат дека некој (алгоритамот) прави избор на вестите што им се појавуваат во њузфидот. Студија од 2015-та покажа дека над 60% од Фејсбук корисните комплетно не се свесни за каков било избор на вестите од страна на алгоритам. Авторите на статијата напишаа: 'Тие веруваа дека секоја сторија од нивните пријатели и страните кои ги следат се појавува во нивниот њузфид'," објаснува Херн.
Проблемот е што алгоритамот кој ги избира вестите што ќе ви се појават на Фејсбук, зема предвид "толку многу сигнали кога одлучува што треба да биде промовирано а што да биде закопано, што веројатно нема еден човек во Фејсбук што може да ви ги излиста сите нив."
Она што се знае е дека алгоритамот е крајно наклонет кон промовирање на директни видео снимки и снимено видео, меѓутоа само ако се од Фејсбук (а не од Јутјуб или кој било друг видео сервис). Исто така промовира статии за кои треба многу време за читање, и линкови објавени од твоите најблиски пријатели (кој ги одредува според тоа колку имаш комуникација со некого).
"Ако имаш бизнис (фан) страница на Фејсбук, твоите статуси ќе ги покаже само на мал дел од луѓето што те следат, а после ќе ти бара пари за да им покаже на другите.
Ваквите одлуки не те разбеснуваат затоа што Фејсбук ги продава под маската на неутралноста. Статиите за кои треба подолго време да се прочитаат не се избрани од Фејсбук заради некоја уредничка одлука дека не треба да читате кратки текстови, туку затоа што 'времето што луѓето одлучиле да го потрошат на читање или гледање содржини на кои кликнале на њузфидот е важен сигнал дека веста била интересна за нив.' Па Фејсбук промовира долги стории, бидејќи сака њузфидот да биде полн со 'интересни' стории.
Би можел, секако, да тврдиш дека одлуката да се фокусира на интересни стории, наспроти важни, или драги вести, или смешни, е сама по себе уредничка одлука.
Ама овој аргумент веројатно нема да биде многу интересен, па никој нема да го прочита, бидејќи нема да се појави на Фејсбук," пишува Херн.