Еден од најголемите сајтови за детска порнографија речиси две недели бил управуван од ФБИ, и им овозможувал на илјадници посетители да симнуваат фотографии и видеа од владините сервери во предградијата на Вашингтон.
Скот Галовеј е професор по Маркетинг и бренд стратегија на њујоршката Стерн школа за бизнис. Во декември 2014-та човекот храбро предвидува дека акциите на Амазон ќе почнат стрмоглаво да паѓаат. Од тој момент до декември 2015-та вредноста на акциите на Амазон се зголемува за два пати. Без разлика на тоа, човекот знае што збори.
Фејсбук морал да го смени алгоритмот кој одредува што им се прикажува на луѓето заради едно многу мало малцинство корисници: оние кои го користат Фејсбук како да е меил.
Тоа што правото на гнев на интернет е незауздено, не значи и дека тоа секогаш е неоправдано. Вон политичарите, ова се дел од цивилите кои годинава го навлекоа гневот на онлајн граѓанството.
Казахстан го прави она што одамна е "мрачен предмет на желбите" на многу властодршци. Во шифрираната интернет комуникација меѓу две страни, да се отвори простор и за трета. Погодете која.
Еден од главните аргументи околу пиратеријата што активно беше игнориран од крстоносците против неа, е дека таа им овозможува на луѓето да гледаат што сакаат, кога сакаат и каде сакаат. Токму ова е носечката филозофија зад сите стриминг сервиси, кои (таму кај што ги има) почнаа да ја потиснуваат пиратеријата.
Гугл Венчурс годинава ќе ја заврши со инвестиции од 2,4 милијарди долари, во компании за кои не ни помислуваш дека би можеле да бидат поврзани со Гугл, како Убер, Медиум или ТјунИн.
Данци собираат 1.100 свои сограѓани (инаку како нација секогаш во врв на оние листине за среќа, задоволство од живот и слични хепи енд термини) и половина од нив ги замолуваат, во научни цели, под итно да престанат да користат Фејсбук.
Трансакциите на Алибаба ја надминаа границата од 9 милијарди долари во рок од првите 12 часа од попустите на Денот на самците. Само во првите 8 минути по почетокот на попустот купена е стока во износ од 1 милијарда долари. Првиот час го затвориле со 3,9 милијарди долари.
Првиот човек на Фејсбук оди да разговара со студентите од Индискиот институт за технологија општо околу социјалната мрежа и нивното искуство со неа. Добар дел од разговорот го минува во правдање - да и мене ме вадат од такт нотификациите за игрици.
Апликацијата која крајно успешно го одржуваше сонот за кој сакаш филм или серија во секое време и сето тоа беспари (и нелегално), е комплетно укината. Овој пат не ни наштети полицијата, сами се спукале.
Основачите на Гугл речиси 12 години немаат прозборено со новинари, не затоа што им се нешто лути, туку затоа што со последниот муабет ќе го упропастеле веројатно најголемиот проект на компанијата.
Сметката на Фејсбук за корпоративен данок во Британија за 2014-та, изнесува нешто помалку од 360.000 денари (околу 5.800 евра). За споредба, британски работник со просечна плата од 35.550 евра годишно, плаќа 7.235 евра за данок и осигурување.
Сите овие години производителите како Линксис, Циско и Нетгиар, цело време се бркаат кој ќе може да пренесе побрз интернет, на поголемо растојание. Речиси сите игнорираат дека надвор од нивните лаборатории проблемот на луѓето е што одеднаш имаат цел арсенал од безжични уреди кои треба да се закачат на интернет.
Во исто време кога објави дека ќе почне да ги рекетари огласувачите за да не им ги блокира рекламите, Адблок (екстензијата со околу 40 милиони корисници на Хром и Сафари) објави и дека е продаден, без да дополни ни како, ни на кого.
Равенствово ќе беше уште едно од оние "кој како сака нека си го сфати" Твитер правила, кога тоа не би му служело на ФБИ како доказ дека се обидуваш да се приклучиш на ИСИС.
Првиот заклучок е дека луѓе што решиле да го користат "123456" и "12345" за пасворд, ќе го користат дури и кога планираат швалерисување. Вториот, дека пасвордите се одлични за психолошка анализа на корисниците.
Исправена пред престојните цивилизациски битки за зачувување на светскиот мир и продолжувањето на животот на оваа планета, Русија најде за потребно да го забрани Порнхаб.
Аристотел разликувал меѓу пријателства базирани на заеднички интереси и оние меѓу сродни души кои се споиле заради взаемна наклоност. Големото мнозинство од луѓето приклучени на МајСпејс, феноменално успешниот сајт за вмрежување на Руперт Мурдок, спаѓаат во втората категорија.
Логиката е дека ако си член на наркокартел не би објавувал пред цел свет колку пари, злато, жени, оружје и коли имаш од продавање дрога и придружен криминал. Како во 90-те на Балканот, така и сега во Мексико, не зборуваме за логика.
Пред неколку месеци Гугл најави дека од 1-ви септември ќе се потруди вашето веб искуство во Гугл Хром да остане богато и интерактивно, а притоа да не ја цеди батеријата на лаптопот. Преводот на целата оваа политички коректна изјава е дека цел Флеш ќе биде на пауза.