На сервисите за стримување на аудио и видео како Нетфликс и Ајтјунс, отпаѓа 70% од целиот интернет сообраќај во САД во најголемите пикови. Само на Нетфликс отпаѓаат 37% од интернетот што го трошат домашните корисници, ЈуТјуб со целата своја архива троши речиси 18%.
Во истата оваа пресметка, Амазон и Хулу заедно трошат околу 6% од интернет сообраќајот.
Што се однесува до мобилните уреди, на стриминг сервисите отпаѓаат 41% од интернетот потрошен од мобилни телефони.
Во истиот извештај во кој се пребројува ова, се покажува и дека голем број корисници сè повеќе се подготвени да платат за содржината што ја гледаат, делумно и затоа што со тоа се избегнуваат дополнителните компликации, во техничка и правна смисла, околу симнувањето пиратски содржини.
Како последица, ако во 2008-ма бит торент сообраќајот зафаќал 31% од интернетот, во годинешниот извештај на него отпаѓаат само 5% од сообраќајот што се троши во еден ден.