Со овие бројки тие за пола ден го достигнаа вкупниот промет што минатата година го имаа за Денот на самците. За годинешниов празник Алибаба очекува да испорача 20 милиони пратки.
Денот на самците е на 11-ти ноември (11.11) и се слави како одговор на Валентајн.
Алибаба во 2009-та се приклучува во прославата на празникот и од тогаш ова станува најголемиот 24-часовен шопинг настан во светот, во кој учествуваат над 400.000 продавачи, од кои најголемиот број на овој ден добиваат повеќе нарачки отколку што имаат во цел месец.
Годинава Алибаба очекува денот да го заврши со вкупна продажба од 14 милијарди долари.
Американскиот Црн петок и Сајбер понеделник, минатата година заедно донесоа продажба од 5,6 милијарди долари.