Што се случи со најомразените ликови на интернет во 2015-та

Тоа што правото на гнев на интернет е незауздено, не значи и дека тоа секогаш е неоправдано. Вон политичарите, ова се дел од цивилите кои годинава го навлекоа гневот на онлајн граѓанството.

Ким Дејвис
Службеничка во локалната самоуправа во Рован Каунти во Кентаки.

Престап: одби да издава дозволи за брак на исто-полови парови откако истите беа дозволени на ниво на цел САД. Одбивањето е по основа дека тоа ги прекршувало нејзините пентекостални христијански уверувања. Дејвис одбива да ги издаде дозволите дури и откако тоа и е директно наредено од гувернерот на Кентаки, и од основниот суд. Таа за ова добива 6 дена затворска казна.

Каде е сега: Дејвис продолжува да се бори со судовите и нивните одлуки кои ја присилуваат да ги издава дозволите за брак на исто-половите парови. Во Кентаки таа и понатаму ужива во својата слава кај дел од населението. На 8-ми декември таа беше повикана и учествуваше на инаугурацијата на новиот гувернер на Кентаки, Мет Бевин.

 


Волтер Палмер

Стоматолог од Минесота, чие е хоби е лов на крупен дивеч.

Престап: Го застрела и го уби лавот Сесил, 13-годишниот лав кој беше еден од најпознатите жители на Хванге националниот парк во Зимбабве. Палмер наводно платил 50.000 долари на својот водич, за да го намами Сесил надвор од паркот, по што смртоносно го ранил со стрела.

Каде е сега: Властите на Зимбабве одлучија да не покренуваат случај против Палмер за криволовство, и од септември тој се враќа на својата работа како стоматолог. Во ноември, властите на Минесота започнаа истрага против Палмер заради "намамување" елени да дојдат во неговото ловиште.

 


Мартин Шкрели

32-годишен хеџ фонд менаџер и директор на фармацевтска компанија.

Престап: По купување на лиценцата за Дараприм, лекот што го користат пациенти со СИДА, тој ја крена неговата цена од 13 на 750 долари за апче. По ова тој арогантно одговара на интернет критиките околу поскапувањето, објаснувајќи дека негова работа е да бара профит и дека требал и повеќе да ја крене цената. Следува неговото јавно препукување со Берни Сандерс и ја купува единствената копија од 2 милиони долари вредниот албум на Ву-Танг клан.

Каде е сега: На 17-ти декември Шкрели е уапсен заради финансиска измама, и истиот ден е ослободен со кауција од 5 милиони долари. Иако тврди дека не е виновен по двете основи, тој си поднесе оставка од двете фармацевтски компании што ги водеше.

целата листа тука

23 декември 2015 - 11:53