22-годишниот жител на Квинс, Али Салех е уапсен заради неговата намера да му се приклучи на ИСИС. Во случајот против Салех освен неговите твитови се наведени и ретвитите на момчето. Во обвинението тие наведуваат неколку ретвити на пораки со поддршка за ИСИС, Калифатот и борбата во Сирија.
Летово слично заврши и еден 17-годишник од Вирџинија кој е уапсен затоа што постојано ретвитал пофални пораки за лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал-Багдади.
"Полицијата не може да упаси некого заради ретвитање на ИСИС освен ако немаат доказ дека намерата зад твитовите означува дека тој некој делува со криминална намера. Ама штом е таков случајот, тие изгледа дека немаат проблем да претпостават дека ретвитот е недвосмислено давање согласност.
Со други зборови, можеби треба да оладите малку со ироничните ретвити на државните непријатели," пишува Кејт Книбс за Гизмодо.