Што е проблемот со ВиФи-то од рутерот

Сите овие години производителите како Линксис, Циско и Нетгиар, цело време се бркаат кој ќе може да пренесе побрз интернет, на поголемо растојание. Речиси сите игнорираат дека надвор од нивните лаборатории проблемот на луѓето е што одеднаш имаат цел арсенал од безжични уреди кои треба да се закачат на интернет.

"Производителите на рутери се речиси како да немаат мозок. Мислат само на луѓе со лаптопи по дома или на работа. Одеднаш ВиФи-то е во се' и насекаде, а ние многу повеќе се движиме низ куќа (во вклучено ВиФи)," објаснува Дејв Фрејзер, ЦЕО-то на компанијата Дивајскејп која развива технологија за јавни ВиФи мрежи.

Делумно кривицата за проблемите со ВиФи сигналот паѓа и на самите корисници, кои некако не сакаат да се помират дека црно-синиот Линксис што до сега како магарица влечел гигабајти и гигабајти интернет, почнува да трокира како што во куќата се внесуваат се повеќе безжични уреди. Добар дел од корисниците никогаш не го ни надградуваат рутерот, посебно ако него го добиле од провајдерот што со години го користат.

Новите рутери се со унапредена технологија која ги зема предвид поголемиот број на мобилни уреди. Тие генерално имаат попаметни антени кои подобро го менаџираат сигналот и ги испраќаат до уредите кои се движат наоколу. Освен тоа најчесто доаѓаат со можност за емитување сигнал на две фреквенции 2,4 и 5 гигахерци, кои можеш да ги користиш и како две посебни ВиФи мрежи. (Фреквенцијата од 2,4 гигахерци има поголем домет, ама има и повеќе гужва на нејзе затоа што голем број уреди, како безжични телефони, ја користат оваа фреквенција. 5 гигахерци има помала гужва, ама обично и помал домет).

Њујорк Тајмс околу проблемот соработува со Вајркатер (сајтот за рецензии на технологија) кои тестираат неколку различни ситуации. Резултатите од тестовите се сведуваат на: "Ако рутерот ти е барем 3 години стар, нема причина зошто да не купиш нов рутер."

"Не само што новиот рутер ја подобрува брзината и опсегот за корисниците, рутерите обично имаат и подобри внатрешни компоненти и посилни надворешни антени. Најголемиот дел од нив исто така го поддржуваат и последниот ВиФи стандард - 802.11ас - чија највисока брзина е три пати поголема отколку на претходниот стандард 802.11n," пишува Брајан Чен во текстот за Њујорк Тајмс.

Нивна препорака за рутер за најголемиот број на корисници е Archer C7 (TP-LINK AC1750), кој на американскиот пазар чини околу 100 долари (кај нас околу 7.600 со ДДВ).

За останатите варијанти Вајркатер ги препорачува:

- Apple AirPort Extreme (199 долари)
- Netgear R6400 (150 долари)
- TP-Link TL-WDR3600 (60 долари)

Објаснувањето зад секоја од овие опции, тука.

9 октомври 2015 - 15:38