Изборот да ги лишуваат луѓето од Фејсбук е затоа што е социјален медиум "со најмногу луѓе низ најразлични возрасни групи."
По една недела тие ги седнуваат луѓето од експериментот, кои треба да кажат како се чувствата. Од тие што не биле на ФБ, 88% се опишале себе си како "среќни", истото ова го кажале 81% од втората група (сепак се Данци).
По групи, 84% од овие што не биле на ФБ изјавиле дека далеку повеќе го ценат животот, наспроти 75% од другата група. Само 12% од првата група се опишале себе си како незадоволни, наспроти 20% од втората група.
На крај, апстинентите изјавиле дека имале побогат социјален живот и помалку проблеми со концентрирање. Овие вториве не пријавиле никаква разлика (што веројатно е и затоа што не смениле ништо).
"Наместо да се фокусираме на она што навистина ни е потребно, ние имаме една несреќна тенденција да се фокусираме на она што другите луѓе го имаат," објаснуваат авторите на студијата од данскиот Институт за истражување на среќата.