Интернет

Најопасниот град на интернетот

Кај луѓето меѓу кои е озогласен прекарот му е Хакервил, за тие што живеат во него, градот се вика Рамнику Валчеа и е сместен во централна Романија.

Најисплатливиот бизнис на интернет

Повраток на инвестиција ти е 1425%, исплата ти е гарантирана (освен ако клиентот не е комплетен идиот), нема строго работно време, ниту потреба од вложување во канцеларии и слична инфраструктура. Лоша страна, те бара полиција и интернетот те мрази.

Луѓето од московското метро

Американците го имаат Луѓето од Волмарт, нивните копии во рускиот универзум можат да се уловат во подземната железница во Москва. Отприлика така и се претставува Мода в Метро, како "Луѓето од Волмарт ама за најнаселениот град во најголемата земја на светот."

Веризон го купува АОЛ за 4,4 милијарди долари

Информацијата денес ја објавија двете компании, а според соопштението тие успеале да постигнат цена од 50 долари по акција.

Славата на оние кои се никој и ништо

Луѓето сакаат да веруваат дека славните личности, па дури и оние со лажна онлајн слава, имаат некаква вредност, и покрај доказите за спротивното. Обележјата како бројот на следбеници добиваат енормно голем приказ на нашите социјални профили. Луѓето обично тоа погрешно го сфаќаат како индикатор за квалитет на нечие присуство на социјалните медиуми, пишува Анил Даш човек со 550.000+ следбеници на Твитер.

Првите 100.000 корисници

Во 2004-та СиБиЕс прави интервју со 19 годишниот компјутерџија и сопственик на еден интернет сервис кој само што го добил својот 100-илјадити корисник. Денес човекот вреди 35 милијарди долари.

Бил Гејтс од 1999-та

Во 1999-та Гејтс ја пишува книгата "Business @ the Speed of Thought." Во неа прави 15 предвидувања за блиската иднина, кои во тоа време звучат неверојатно. Од сегашна гледна точка само вади од памет прецизноста на Гејтс.

Едноставниот свет на комплицираниот маркетинг

Нативен адвертајзинг е форма на онлајн рекламирање преку текстови која во основа се труди да ја следи формата и функционирањето на сајтот на кој се појавува. Моментално има околу 17 термини за него, сите со исто значење.

Фармите што ќе ги упропастат социјалните медиуми

За да влезе на работа 17-годишната Ким Касипонг мора да мине покрај бодликава жица, шест кучиња и стражар. Девојчето работи со социјални медиуми.

Батали школо, фаќај се за ЈуТјубот

Ќе ти се роди ќерка, ќе ја растеш, ќе ја пазиш, ќе ја учиш, ќе ја образуваш, ќе ја обливаш со љубов, ќе ти биде најважното нешто на светот, и на сето ова ќе дојде момент кога ќе наполни 8 години и ќе почне дома да ти носи по 120.000 долари месечно. Налет.

Кој сака да биде хакнат како Сони?

Моментално на интернет има повеќе илјадници луѓе кои можат која било компанија да ја хакнат со исто ниво на штета како што тоа минатата година му се случи на Сони Пикчрс. Во ова главно ги спречува цената на софтверот потребен за ваквиот потег.

Заклучоците од студирање на 16 милијарди меил пораки

И покрај тоа што електронската пошта како начин на комуникација постои околу две децении, до сега не постои добра претстава за тоа како луѓето ги користат мејловите. Сега има. Базирана на мејлови од 2 милиони корисници кои испратиле над 16 милијарди пораки.

Русија забрани мемиња?

Проширувањето на еден закон технички им забранува на веб страните да исмејуваат кого било во Русија. Од овие сите, руската влада би ја интересирале само тие што би исмејувале познати личности (вклучително политичари).

Човекот кој не го избриша ЈуТјуб

Рускиот хакер Камил Хисматулин на кратко ја имаше најзастрашувачката супер моќ на светот - можеше да ја избрише целата содржина што ја има на ЈуТјуб. Можеше, ама некако не му беше до тоа.

Војната за тоа кој беше Стив Џобс

На Волтер Исаксон му беше доверено да ја напише официјалната биографија за Стив Џобс. Книгата беше спектакуларен успех, се продаде во милиони примероци, и по пат го прослави и Исаксон. Меѓутоа приватно, најблиските на Џобс не беа задоволни од тоа како е прикажан основачот на Епл.

Фејсбук ќе го проголта интернетот

До сега Фејсбук беше голем дел од интернетот, со промените што ги најави Закерберг на Ф8 интернетот ќе стане дел од Фејсбук.

Вести без рок на траење

Неодамнешната "вест" за смртта на еден нигеријски писател (две години откако тој почина) покажа дека времето го губи своето значење во одредувањето што е тоа вест. На социјалните медиуми, имено, сè се случува цело време.

Банер Елдорадо на Снапчат

Во јануари Снапчат воведува нова алатка во која на неколку медиуми им дозволува да отворат сопствен канал на социјалната мрежа (малку поразличен од регуларниот). Им дозволија и да продаваат реклами на своите канали. И, беа продадени.

Бегалците во интернет-кафулињата

Интернет кафињата постојат веќе цела деценија кога некаде во средина на 2000-те, тие еволуираат и посетителите почнуваат буквално да живеат во нив. Сега ова е веќе редовна појава.

Конечна победа за нет-неутралноста

Броудбенд интернетот од сега па во иднина е комунална услуга (како водовод, канализација, јавни паркинзи, градско зеленило, градска чистота...) и ниту еден провајдер не смее да помисли да наплаќа "приоритетни конекции," одлучи американската Федерална комисија за комуникации.

Снапчат > Tелевизија

Апликацијата за слики од кои срамиш ама сакаш да ги споделиш без никој да ги запамети, ја воведе опцијата "наша приказна" во која група корисници преку клипови раскажуваат некој настан. Овие приказни (Вестминстер, Октоберфест...) имаат поголема публика отколку некои од најпопуларните ТВ програми.

Историјата на битките околу sex.com

Пред ерата на Гугл, генеричките домеини беа главни ѕвезди. Меѓу сите нив, Sex.com беше Светиот грал на тогашниот интернет, заработувајќи огромни пари од љубопитните "Што ли има на sex.com?" (а што може да има?). Тепачките за него траеа со години и милиони долари беа во игра.

Твитер, каде е тоа порното?

Откако стави филтер што (по избор) може да го блокира целото порното кај интернет корисниците, британската влада откри еден пропуст - Твитер, каде се проценува дека дневно се објавуваат околу 500.000 фотографии за возрасни.

HTTP/2

Надлежните (IETF HTTP Working Group) и официјално ја финализираа следната верзија на HTTP, која сега чека да го мине процесот на одобрување пред и официјално да стане стандард.