Амазон и пропаста на модерната цивилизација

Компанијата за продавање сè преку интернет го промовираше најамериканскиот изум на сите времиња, копче за инстант купување за оние на кои и нарачувањето преку интернет им беше премногу напорно - Амазон Даш, сосема нова дефиниција за мрза.

Станува збор за физичко копче, кое е обележано со лого од конкретен производ и кое се лепи на фрижидер, машина за перење, маса или кај и да сакаш.

Копчето се менаџира преку Амазон Прајм профилот каде му кажуваш што точно сакаш(количина, бренд, адреса), за во иднина со секое стискање на него инстантно да направиш нарачка за она што го имаш внесено како дифолтен производ. Само стискаш и чекаш испорака на производот пред врата, без да палиш компјутер, мобилен или што и да е.

"Иако Даш копчето звучи како 1-во априлска шега, тоа е дел од долгорочната иницијатива на Амазон да го направи трошењето пари идиотски едноставно," пишува Адам Кларк Естес за Гизмодо.

За почеток програмата опфаќа 18 различни брендови, претежно производи за дома (вода, сокови, прашоци, тоалетна хартија и сл.).

Сите производи достапни преку Даш:

 

4 август 2015 - 12:06