Почетна точка на анализата е тоа што половина од претседателските избори во САД се решаваат со разлика под 7,6%. Последните избори, во 2012-та, беа решени со 3,9% разлика. На ова се надодаваат претходните истражувања според кои алгоритамот за пребарување на Гугл може за околу 20% да влијае на гласањето на нерешените гласачи, без притоа тие да имаат каква било претстава дека се манипулирани.
Роберт Епстајн (тука био) во досегашните истражувања го идентификува Манипулацискиот ефект на пребарувачите (Search Engine Manipulation Effect (SEME)), кој е "еден од најголемите бихејвиоријални ефекти што некогаш се откриени."
"Затоа што овој ефект е невидлив како форма на општествено влијание, бидејќи ефектот е толку голем и бидејќи моментално нема никаква конкретна регулатива каде било во светот која би го спречила Гугл да ја користи или злоупотреби оваа техника, ние веруваме дека СЕМЕ е сериозна закана за демократскиот систем на владеење," пишува Епстајн.
Во експериментите - лабораториски и онлајн - само по една сесија пребарувања тие успеваат да го зголемат бројот на симпатизери на еден кандидат за помеѓу 37 и 63 проценти.
"Има три издржани сценарија под кои Гугл лесно може да ги намести изборите додека го читате ова:
Прво е Вестерн Унион сценариото: директорите на Гугл да одлучат кој кандидат е најдобар за нас - и за компанијата, нормално - и тие соодветно на тоа го штимуваат рангирањето на резултатите. Во САД постои преседан за вакви заткулисни местенки. Ратерфорд Б. Хејс, 19-от претседател на САД, беше избран делумно и заради големата поддршка од Вестерн Унион. Кон крајот на 1800-те, Вестерн Унион го има монополот над комуникациите во САД, и пред изборите во 1876-та, компанијата дава се од се за да се осигури дека низ весниците во САД ќе се појавуваат само позитивни вести за Хејс. Тие исто така на штабот на Мејс му ги предаваат и сите телеграми од неговиот противкандидат. Денес веројатно најефикасен начин за добивање на политичко влијание е да се донираат пари на кандидатот и потоа да се искористи технологијата за да се осигури дека тој или таа ќе победи. Технологијата секако гарантира победа, а донацијата гарантира приврзаност, која Гугл секако ја покажа во последниве години со администрацијата на Обама.
Второто е Мариус Милнер сценариото: изолиран работник во Гугл кој има доволно висок пристап или познавање на системот, прави неколку промени во рангирањето и работата е завршена. Во 2010-та, кога Гугл беше фатен како собира лични информации од незаштитени ВиФи мрежи од повеќе од 30 држави во светот со помош на возилата на Стрит Вју, комплетната вина беше префрлена на еден вработен на Гугл: инженерот Мариус Милнер...
... И третото - и ова е најстрашно од сите - е алгоритам сценариото. По ова сценарио, сите вработени на Гугл се невини јагниња, меѓутоа софтверот е зол. Алгоритамот на пребарувачот на Гугл турка еден од кандидатите кон врвот на резултатите заради негови внатрешни пресметки. Според ова сценарио, компјутерската програма ги избира нашите функционери," пишува Епстеин.