Ќе му го одмилите Фејсбук на Цукерберг

Првиот човек на Фејсбук оди да разговара со студентите од Индискиот институт за технологија општо околу социјалната мрежа и нивното искуство со неа. Добар дел од разговорот го минува во правдање - да и мене ме вадат од такт нотификациите за игрици.

Пред сесијата прашања со студентите, на Фејсбук е пуштена анкета на која прашањето околу стопирањето нотификации од игри било изгласано за најпопуларно. Објаснувајќи го ова пред студентите, Цукерберг им соопштил дека веќе разговарал со своите луѓе за да се реши проблемот.

Самиот Цукерберг признава дека логиката по која функционираат голем дел од Фејсбук игрите (на пример во Кенди Краш, колку повеќе луѓе замараш со барање помош, толку повеќе животи добиваш) е застарена, ама решавањето на овој проблем не бил високо на листата приоритети на компанијата, барем не до сега.

Во времето додека Фејсбук се развиваше игрите како Фармвил и Мафија Ворс беа еден од најпривлечните елементи на социјалната мрежа. Со се поголемото префрлање на корисниците на мобилни уреди и напредокот на сите можни форми на монетизирање на користењето на социјалната мрежа, приходите од игри станаа незабележителни во однос на она што компанијата го заработуваа од рекламите.

29 октомври 2015 - 16:18