Пасвордите на швалерите

Првиот заклучок е дека луѓе што решиле да го користат "123456" и "12345" за пасворд, ќе го користат дури и кога планираат швалерисување. Вториот, дека пасвордите се одлични за психолошка анализа на корисниците.

Топ 5 најчести пасворди на членовите на Ашли Медисон се:
- 123456 - 120.511 корисници
- 12345 - 48.452 корисника
- password - 39.448 корисници
- DEFAULT - 34.275 корисници
- 123456789 - 26.620 корисници

И во остатокот од топ 100 најчести пасворди на сајтот се продолжува со истот тренд на лошо избрани и небезбедни пасворди.

Меѓутоа, има и исклучоци од редењето последователни букви и бројки. На пример, "pussy" е на 9-то место со 10.683 корисници. "Fuckme" е пасворд на 7.893 корисници, а "fuckyou" на 7.458. За влез на сајтот, "asshole" го избрале 5052-ца, а на секое најавување 4.296 корисници го внесувале "monkey." "Cheater" бил избор на 3.908 корисници, а "affair" на 3.156.

Од друга страна тука се и корисниците што не чувствуаат толкаво бреме од тоа што го прават и зошто се зачлениле на Ашли Медисон, па 3.152 за пасворд се решиле да им биде "dragon", 2.224 го избрале "tiger", а 3.058 на секое логирање си ја зголемувале самодовербата со пасвордот "bigdick".

16 септември 2015 - 13:45