Група од четворица Кинези, во рурална североисточна Кина пренаменуваат цела фабрика за во нејзе да постават рудник за биткоин. Ова е само една од 6-те локации што ги имаат.
Клучни карактеристики на секој совршен одговор (посебно во време на интернет и онлајн коментари) е под а) да го потврди она во што вие веќе верувате и под б) да биде шамар за некој што веќе го презирате.
Додека чека да се увери во потенцијалот на проекти како Гугл Глас, Гугл Фајбер и автомобилите што сами се управуваат, Гугл систематски го пробива своето место во бизнисот за корпоративни решенија, пазар вреден 4.000 милијарди долари и еден од главните извори на приходи на Микрософт.
Во 1999-та, додека сите чекаат милениумскиот баг да го докрајчи светот, Елон Маск го купува својот прв супер автомобил МекЛарен Ф1, за 1 милион долари. Тогаш Маск има 28 години и само што ја има продадено својата фирма за околу 350 милиони долари.
За услуга да се продава и рекламира како броудбенд таа ќе треба да има минимум брзина на даунлоад од 25 мегабити/секунда (до сега беше 4) и минимум брзина на аплоуд од 3 мегабити/секунда (до сега беше 1), одлучи американската Федерална комисија за комуникации.
За годинава во извештајот се тврди дека компанијата овозможила 4,5 милиони вработувања и индиректно придонела со 227 милијарди долари во светската економија. "Овие бројки од воздух ги вади Делоит, консултантската компанија која редовно е ангажирана од одделот на Фејсбук за економија од фантазии," пишува Наутон за Гардијан.
Затоа што во њузфид нема да престане да ти се појавуваат статии од другар ти од типот Дедо Мраз постои и Шарли ебдо е заговор, Фејсбук реши да воведе копче за решавање на проблемот – пријави лажна вест.
Во некаков отчет пред светот Фејсбук објави дека ќарот од неговото постоење во економска смисла се 227 милијарди долари и 4,5 милиони работни места во глобалната економија.
19-годишен студент на Универзитетот Тексас, Остин, дава свое тинејџерско (за малку) мислење на социјалните медиуми што ги користи, и каков е неговиот став, и на тие што му се генерација, околу секој до нив.
Мина времето кога луѓето се згрозуваа од оние кои на интернет споделуваат секакви интимности од својот живот. Сега на мета се воздржаните, оние кои "нешто кријат".
Новиот оперативен систем Виндоус 10 ќе дебитира со комплетно нов веб-браусер кој нема да биде ИЕ 12, и за сега во Микрософт се води под кодното име Спартан.
По теркот на секоја природна и човечка катастрофа што ги зафаќа САД, случајот со упаѓањето во системот на Сони конечно го доби одамна заслужениот сегмент - луѓе што веруваат дека целата работа е завера на Владата, ФБИ, медиумите, масоните...
Постои циклус од четири чекори кој го имплементираат сите интернет икони од Фејсбук, до Инстаграм и Кенди Краш, и кој е непогрешиво успешен во создавање зависност околу нивниот производ. Нир Ејал, авторот на Hooked: How to Build Habit-Forming Products, целиот овој циклус го нарекува "јадица".
Еден од ретките луѓе кои нема да се радуваат ако Pirate Bay повторно оживее е еден од неговите основачи. Тој смета дека неговото милениче треба да остане затворено за да може да оживее идејата која "оригиналните пирати“ ја ширеа.
Домашните компјутери ни ги чуваат анти-вирусни програми, компаниите плаќаат скапи заштити на своите системи а кога се работи за целиот интернет, сигурноста е во рацете на само 14 луѓе.
Не само што не може да се помири со тоа дека од милијарди клипови "Гангам стајл" им е најгледано видео, сега ЈуТјуб треба да го апгрејдува целиот систем за да може да изброи колку пати е изгледано видеото на Пси.
Гугл има пребарувач кој дава прецизни, актуелни и сеопфатни резултати. Работењето на овој пребарувач се одржува од продажба на онлајн реклами и линкови до компаниските сервиси како Мапи, Вести и ЈуТјуб. Доброто е што сето ова е навистина лагодно за корисниците, лошото е што Гугл ова толку добро го прави што ниту корисниците ниту конкуренцијата немаат шанси да кренат глава.
Како решение на сите тужби во кои се тврди дека Гугл ги промовира сопствените сервиси во резултатите од пребарувањето, компанијата би требало да се раздели на помали делови. Барањето е од Европскиот парламент, кој инаку нема никаква моќ да го спроведе ова.
Компанијата за пазарни анализи Форестер објавува извештај за брендовите под наслов "Функционални стратегии за социјални врски." Во него објаснуваат што функционира. Фејсбук и Твитер не.
Компанијата која се прослави со апликацијата за инстантно испраќање на голишави фотографии, на еден или колку сакаш луѓе, сега ја дополни истата апликација со опција за инстантно испраќање пари преку неа. Ви текнува?
Претседателот на САД побара од ФЦЦ (Федерална комисија за комуникации) да имплементира најстроги правила со кои ќе се забрани блокирање, забавување и приоритетен интернет пристап, од и за кого било. Со ова Обама ја затвори битката за нет-неутралност во САД (во корист на претплатниците). Сега останува цел свет да тргне по него.