Најголем дел од бегалците се работници со привремен договор за работа, чија плата е премногу ниска за да можат да изнајмат сопствен стан. Кафулињата се поделени на кабини, а имаат и (заеднички) тоалет каде што можеш да се истушираш и да се средиш за на работа. Некогаш малку е гужва, ама за тоа "не мораат да се грижат за сметки (вода, струја...)." Моментално во Јапонија 38% од вработените се привремени.
Документарецот (краток е) е сниман по нарачка на Пулицер центарот.