Интернет

Маршот за интернет

По втор пат во три дена Унгарците излегоа на протест во Будимпешта против планот за воведување на првиот данок на интернет во светот. Вториов пат излегоа 100.000 луѓе.

Новиот Ајс Бакет предизвик е помрзлив од стариот

Кампањата пак е за собирање пари, ама сега е за УНИЦЕФ, а монументалниот подвиг кој што се бара од славните низ светот е - да направат селфи одма штом се разбудат.

Дубиоза колектив во одбрана на The Pirate Bay

Песната на Босанците се најде на насловната страна на светски омилениот торент сајт чии основачи се соочуваат со затворски казни.

"Лајк фармите" на Фејсбук

Терминот звучи крајно криминално и лешперски, ама во основа разликата меѓу лајковите од фармите и лајковите од регуларните Фејсбук промоции, е како разликата меѓу цигари купени во трафика и цигари купени на Бит-пазар - нема бандерола, сè друго е исто.

Првиот говор на Џек Ма

Вчера се случи најголемото излегување на берза на една компанија во историјата на Њујорк. Компанијата е кинеската Алибаба, која има повеќе трансакции отколку Амазон и Ибеј заедно. Алибаба е формирана во 1999-та во станот на Ма.

Гугл 2.0 треба да создава градови

До сега работеа на автомобили што сами се возат, интернет за цел свет и искоренување на смртта, и ова не е доволно за Лери Пејџ кој смета дека компанијата треба да се фати со посериозни работи.

Дали брендовите треба да кажат нешто на 9/11

Во прашање е која било трагедија, а за брендовите е природно да пробаат да се вклучат во џагорот околу кој било важен ден. Конкретно случајов е за 11-ти септември и судирот е меѓу некои од најголемите брендови и сопственик на студио за графички дизајн. Пораката е - во ред е да го заборавите 11-ти септември.

Објавени 5 милиони лозинки од Гмаил

На руски форум се појави листа со 5 милиони лозинки за Гмаил и Јандекс сметки. Во времето на објавување околу 60% од нив се уште беа валидни. Иако има начин како да проверите дали сте хакнати, препораката е за секој случај да го смените пасвордот што сега го користите.

Бранете го интернетот

Преку целиот сајт да ви стоеше икона дека сајтот се полни, дали се уште ќе бевте тука? Утре, 10-ти септември е глобален "Interneт Slowdown" ден. Може секој да се приклучи кон протестот против забавувањето на интернетот, симболично, но видливо.

Мажите што мразат кога ги шпионираат, и жените што самите се виновни

Парадоксот го создаваат луѓе кои имаа бескрајни тиради околу прислушувањето од страна на властите (НСА, ФинФишер и сл.), како тоа ја нарушува приватноста, основните човекови права и достоинство, а сосема природно ги осудија девојките дека лично нивна е кривицата за тоа што некој им упаднал во приватните сметки.

Да не си стегате душа на Твитер и Фејсбук за политика

На Твитер нема доволно место да кажеш што сакаш, на Фејсбук е многу веројатно дека пријателите ќе почнат да те откачуваат ако фатиш да ги труеш со политика. Ова пак создава проблем и кога си офлајн.

Порно битката на оперативните системи

Корисниците на Виндоус и Мекинтош се конкретни околу порното и бараат по име и презиме. За разлика од нив, Линукс корисниците повеќе одбираат порно по категорија. На крај, сепак сите ја сакаат Лиса Ан.

Дали би плаќале за интернет без реклами?

Под претпоставка дека цената за интернет без банери би била пониска од претплатата за кабелска телевизија, од 1.400 испитаници речиси нула се подготвени да платат за тоа. Прашањето е поставено во Британија, не тука.

Што сè Фејсбук не ви покажува

Официјалните бројки на Фејсбук се дека секој 7-ми човек на планетава барем еднаш месечно се закачува на социјалната мрежа. И покрај ова начинот на кој функционира "њуз фидот" во најдобар случај на корисниците им е јасен до ниво дека се работи за алгоритми и магија.

Премиер лигата не сака вие да ја пренесувате на интернет

Како што Мундијалот мина со десетици илјади видеа од головите снимени и објавени на Вајн, Твитер и слични сервиси, така се очекува да започне и новата сезона од Премиер лигата.

Еден Ерменец, една статија во Википедија

Пишувањето статија во Википедија е национална должност на Ерменците, и новата кампања на темата очекува од секој еден Ерменец да напише (или уреди) барем една статија во он-лајн енциклопедијата.

За фер приемни, цел Узбекистан без интернет

Минатиот петок во Узбекистан целиот интернет и СМС сообраќај беше стопиран во периодот од 8:30 до 13:00 часот. Властите објаснуваат дека станува збор за "итна интервенција на телекомуникациските мрежи." Сè што не е Влада, прашува - како четврта година по ред итните поправки ви се погаѓаат на денот на приемните испити.

Колку го чини Фејсбук да не работи 19 минути

Во петокот попладне (по американско време) Фејсбук престана да работи на околу 19 минути. Комплетно цел Фејсбук. Во најдобар случај можевте да добиете порака "Sorry, something went wrong."

Речиси цела Англија избра порно

Пред некое време британската влада со целата своја мудрост некако разбра дека народот сака таа да му се меша во што е можно повеќе работи, и донесе закон со кој забранува гледање порно на интернет по дома, освен ако не избереш да ти пуштат. Излезе дека сите побараа порно.

Шакира + јогурт = најгледаното околу Мундијалот

Немаме бројки кој е најгледан клип од мундијалот, ама затоа ЈуТјуб се преброи кои им најгледаните видеа со реклами поврзани со Светското. Излезе Шакира е појака од сите.

За што ќе бидеме гневни денес?

Кога луѓето споделуваат среќа тоа го прават само со блиските, ама затоа кога се гневни тие секогаш се подготвени да бидат гневни на луѓе кои никогаш не ги запознале. Збориме за интернет.

Фејсбук манипулации во име на наука

По веќе неброен пат корисниците на Фејсбук ќе продолжат да дремат на социјалната мрежа, ама притоа ќе бидат комплетно бесни и гневни од неа. Овој пат причината е што Фејсбук експериментирал со речиси 700.000 луѓе.

Импресијата упорно одбива да умре

Проблемот со импресијата (прегледани страници) е тоа што стана премногу лесно да ја добиеш, и што е метрика останата од интернет праисторијата (прва половина на 2000-ти), кога беше важно дали воопшто некој ти доаѓа на страната, а не колку време останува и што прави на неа.

ПејПал во Македонија, в̶а̶ј̶с̶т̶и̶н̶а̶ делумно ПејПал

Неделава ПејПал објави дека станале достапни во над 200 држави низ светот. Меѓу овие 200 конечно се најде и Македонија. Овој пат, "доаѓањето на Пејпал во Македонија" треба да е конечно.