Аргументите на поборниците за нет-нетутралност се дека претплатата што ја плаќаат корисниците треба да го покрива пристапот до која било веб страна, без разлика колку е таа популарна. Наспроти нив се најголемите интернет провајдери од САД (како Веризон и Комкаст) кои сакаат да им биде овозможено да наплаќаат дополнително (од претплатата) за посетувањето на веб-страни кои трошат претерано интернет.
Обама во денешното обраќање освен мерките што ги побара од ФЦЦ, изјави дека броудбенд услугите "се од иста важност и мора да ги носат истите обврски," како и сервисите од типот на телефонските мрежи, заради што побара броудбендот исто да бидат класификуван.
Конзорциумот кој се бореше во корист на нет-неутралноста е оставен од над 150 големи американски компании меѓу кои Гугл, Микрософт и Амазон. Тие стравуваа дека со крајот на нет-неутралноста би им се дозволило на постојните играчи во бизнисот едноставно да плаќаат за подобра услуга, и на тој начин да ги поразуваат стартап компаниите и новите идеи. Исто така нивниот страв е дека тие или корисниците ќе треба да им плаќаат дополнително на провајдерите за пристап до нивните сајтови.
За разлика од САД, во Британија 10-те најголеми интернет провајдери уште во 2012-та потпишаа кодекс во кој гарантираат дека ќе нудат отворен и потполн пристап до интернетот, и дека нема да го приоритизираат сообраќајот кон своите сопствени производи.
Најчовечкото објаснување на нет-неутралноста, што сепак нема да го разберете: