Кој ги држи клучевите од интернетот?

Домашните компјутери ни ги чуваат анти-вирусни програми, компаниите плаќаат скапи заштити на своите системи а кога се работи за целиот интернет, сигурноста е во рацете на само 14 луѓе.

Со речиси три милијарди корисници и уште повеќе милијарди долари кои се вртат во мрежата, малку заплашува фактот дека генералниот поредок е во рацете на само 14 луѓе кои буквално ги држат клучевите од интернетот во сефови. Плус се од непрофитна организација контролирана од американската влада.

Се работи за две екипи од по седум луѓе кои сакаат да се нарекуваат "чувари на DNS-от" (domain name system), регистерот која ги поврзува url-ата со IP адреси. Евентуален упад на хакери во тој систем би направил комплетен хаос во мрежата. 

Се среќаваат на две локации, една на источниот, друга на западниот брег на САД при што во еден прецизно разработен ритуал се генерира нов клуч за енкрипција на системот. Накратко кажано, го менуваат пасвордот на целиот Интернет.

Организацијата која го спроведува ова се вика Icann (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers), таа ги номинира чуварите на интернетот и ги снабдува со смарт картички кои го активираат системот за генерирање нов мастер клуч.

"Бекап врз бекап, леери врз леери разновидан сигурност, сето тоа изгледа и по малку романтично" изјави за Гардијан шведскиот имател на клуч  Еклунд Ловиндер.

По откритијата на Сноуден, се покрена дебата дали е најпаметно еден вака клучен процес да биде во рацете на американска непрофитна организација која има релации со државниот департмент за економија. Неколку влади побараа ова да биде ставено под поглобална контрола која би била мониторирана од мултинационална организација каква што се ОН.

4 декември 2014 - 13:15