Планот на унгарската влада е од 2015-та на интернет провајдерите да им воведе данок од 2,2 евра по интернет корисник (како физичко лице), и 16 евра за бизнис корисници. Оригинално предлогот беше 0,4 евра (24 денари) за гигабајт сообраќај, па го сменија од страв од реакции.
За Унгарците целта на данокот е преку парите да се отежни пристапот до информации, со што Орбан сака да создаде "дигитална железна завеса околу Унгарија."
За ЕУ ваквиот данок е глуп затоа што Унгарија и онака е под просекот во сите дигитални индикатори "а дигиталниот дел од економијата веројатно е главната работа што спречува Европа да се врати во рецесија."
Оправданието на владата е дека овој данок само го надополнува данокот на телефонски разговори бидејќи луѓето се повеќе го користат интернетот за телефонирање. Плус ова ќе земе само дел од и онака големиот профит на телеком операторите, а парите ќе се користат за подобрување на интернет пристапот во руралните средини.