Пси го држи рекордот за најгледано видео уште од минатата година, ама проблемот е настанат затоа што луѓето и понатаму го гледаат спотот, па бројчаникот ја надмина границата од 2.147.483.647, односно најголемиот 32-битен број.
"Никогаш не ни помисливме дека некое видео ќе биде изгледано толку пати за да не може да биде избројано со 32-битен број. Заради Гангам стајл ќе мора да го апгрејдуваме системот," објави ЈуТјуб на својот Гугл Плус профил.
Моментално бројчаникот на Гангам Стајл е заглавен на 2.151.085.980 (со маусовер преку бројчаникот се случува магија).
Во мај годинава Гангам стајл ја мина границата од 2 милијарди прегледи. На страна овој спот, Пси на Џентлмен има 760 милиони прегледи, на трето место му е дует на кој има 525 милиони прегледи, четврти е дуетот со Снуп Дог со 162 милиони, а на петто е изведбата во живо на Гангам Стајл со 114 милиони. Пси има уште 13 видеа што се во границата меѓу 10 и 75 милиони прегледи.