Не само што не може да се помири со тоа дека од милијарди клипови "Гангам стајл" им е најгледано видео, сега ЈуТјуб треба да го апгрејдува целиот систем за да може да изброи колку пати е изгледано видеото на Пси.
Видеото на Пси неделава на ЈуТјуб беше прегледано по 2 милијардити пат. Спотот трае 4 минути и 12 секунди, што значи на негово гледање се потрошени 140 милиони часови или 16 илјади години.
Без движењата, ама со очила за сонце, сакоа и беретки инспирирани од Пси, Јужна Кореја ја промовираше првата единица на туристичката полиција на земјата. Оп, оп, оп, оп, оп...