Околу 100 мажи и жени облечени во униформата на Пси, низ Сеул ќе патролираат и ќе го казнуваат секој што ќе се обиде да "заколе" турист. Секој офицер ќе носи и значка која треба да покаже и кој странски јазик го зборува: англиски, јапонски или мандарински.
"Туристите кои мислат дека им било премногу наплатено од таксистите или од уличните продавачи на храна, можат да дојдат и да разговараат со нас. Ние ќе им помогнеме да се реши проблемот," изјавил еден од регрутите на туристичката полиција.
Меѓу задачите на овие полицајци е и да бидат зборливи со туристите и секој пат да бидат насмеани кога некој ќе се обиде да ги фотографира.
Минатата година Јужна Кореја за прв пат го надмина бројот од 10 милиони туристи годишно.