Бројката е добиена врз основа на стандардните пари што ги плаќа ЈуТјуб од 2 долари за секои 1.000 прегледувања на едно видео. Вкупната заработувачка за 895.000.000 прегледувања е 1.790.000 долари.
За споредба, на продажбата на дигитална музика во САД, што значи заработка од продадени песни, Пси има собрано само 243 илјади долари (7 пати помалку отколку на ЈуТјуб).
Откако Гангам Стајл е објавена на ЈуТјуб, акциите на менаџерската компанија на Пси, YG Entertainment, пораснаа за 26%. Додека акциите на DI, компанијата за електроника што ја предводи таткото на Пси, пораснаа за 154%.
Пси на концерт во Сеул