ЗДНет објавува дека станува збор за "лесен" браусер кој повеќе ќе наликува на Гугл Хром и Мозила Фајрфокс. Според изворите на ЗДНет, новиот браусер и понатаму ќе го користи Триден енџинот на Микрософт, а не ВебКит, плус ќе има поддршка за екстензии. Новиот Виндоус се очекува да доаѓа со двата пребарувачи, Спартан и ИЕ 11. Вториот ќе биде присутен заради компатибилност со постари технологии.
Во врвот на својата распространетост ИЕ обработуваше над 90% од целиот интернет сообраќај на десктоп и лаптоп машини. Денес тој е паднат на околу 58%. На мобилни уреди, неговиот удел е 2%.
Виндоус 10 ќе биде оперативен систем што треба да ги опфаќа сите уреди, од десктоп до мобилни, истото ќе важи и за Спартан. Се уште не е познато дали браусерот ќе биде достапен на Андроид и иОС.