Со новата дефиниција се променија и статистиките на покриеност со броудбенд во САД, па сега излегува дека 19,4 проценти од домаќинствата во земјата немаат пристап до броудбенд (по претходната дефиниција 4-1, ова изнесуваше 6,3%).
Со одлуката од игра излегуваат стандардните (бакарните) телефонски линии, кои не можат да го поддржат овој трансфер на податоци, и провајдерите ќе мора да се ослонуваат само на оптика. Промената не значи дека сите провајдери ќе мора да ги кренат брзините, туку дека ако нивната услуга не е барем 25 со 3, тие нема да може да ја продаваат како "броудбенд интернет."
Според претседателот на ФЦЦ: "кога 80% од Американците имаат 25 со 3 пристап, тогаш тоа е стандард. Имаме проблем со оние 20% кои не можат. И имаме одговорност кај овие 20%."
Без разлика на одлуката на ФЦЦ, Гугл во изминатите неколку години работи на проектот Гугл Фајбер, со кој поставува оптичка мрежа низ повеќе градови на САД. Преку услугата нудат интернет од 1000 мегабити/секунда.