Интернет

Раскинување пријателство, живот vs. Фејсбук

Според едни, до сега процесот на губење пријатели беше прилично транспарентен и директен, ќе се скараш со некој и толку е, а сега на социјалните мрежи не си ни свесен дека повеќе некој не ти е пријател. Според други, и сега се случува истото како и некогаш, пријателството бледее и доаѓа до природниот крај.

Фејсбук како љубоморен дечко

Затоа што не беше доволно тоа што Фејсбук памти сè што некогаш сте напишале или објавиле на него, сега ќе почне и да слуша што зборите додека мобилниот е покрај вас.

Неподносливата леснотија на игнорирање на нет неутралноста

Проблемот со нет неутралноста е што звучи непогрешиво одвратно и незанимливо, како нешто за кое никој не помислува да каже ниту збор само затоа што мисли дека огромни се шансите дека таа најверојатно не се однесува на него. Грешка сте по сите основи. Плус, еве ви најчовечко објаснување за терминот и до каде е дојдена целата ситуација.

Да се бара црнец во Гугл

"Барање игла во сено" е првата асоцијација која доаѓа на памет откако Гугл, не со многу воља, го обелодени составот на своите вработени од кој се гледа дека компанијата е доминантно машка и бела (во бројки 70% машка и 60% бела).

Корпоративниот твит што се произведува 45 денa

На тим од 13 експерти за социјални медиуми и адвертајзинг, му се потребни до 45 денови за да испланира, креира и да добие одобрување за еден корпоративен пост на социјални медиуми.

Зошто Папата е на Твитер, ама не и на Фејсбук

Францис ја наследи Твитер сметката од неговиот претходник. Фејсбук од што не може да се помири што Папата нема профил кај нив, испрати свои луѓе во Ватикан за да ги убеди црковните претставници човекот да се зачлени на Фејсбук. Се вратија без успех.

Фејсбук за радио и телевизија

Новата верзија на мобилната апликација на Фејсбук во себе содржи "Шазам" функција која во рок од 15 секунди ја препознава песната што ја слушате или серијата / филмот што го гледате.

Како кинеската армија ја хакна Америка

Наспроти сите наши очекувања (базирани на Холивуд, игрици и книги) за тајни бункери или лежишта на ултра зли негативци, акцијата се спроведува од куќа во Шангај, во која се сместени пет припадници на крајно нехоливудски именуваната единица на кинеската армија - 61398. Од тука тие ги започнуваат сите напади.

На интернет имаш право да бидеш заборавен

Европскиот суд создаде ноќна мора за Гугл и останатите сервис провајдери кои во иднина ќе мора да бришат податоци за луѓе ако нивните стари приказни веќе не им се допаѓаат.

Луѓето се ништо без лајкови

Психички едно од најпеколните искуства на социјалните мрежи е кога ќе објавиш нешто, и никој никако не реагира околу тоа. Лајк со коментар е едно од највозвишените чувства.

Легендата за Фејсбук и банерот од 2,5 милиони долари

По речиси цела година зборување и најави, Фејсбук во март почна да нуди и видео реклами (со аутоплеј), по цена од околу 2,5 милиони долари од закуп. Сумата на ниво на Супер Боул реклама, не тек така залепена.

Нет неутралноста е мртва

Прво, појаснување: нет неутралноста не значи да пишуваш и за едните и за другите, туку е едно од основните начела на интернетот кое предвидува дека секој човек, компанија или сервис ќе има еднаков пристап до интернетот. Е, ова веќе нема да важи.

Гугл ќе го чита секој меил пратен и примен преку Гмаил

Условите за користење на Гмаил во понеделникот беа дополнети со уште еден параграф, кој кажува дека Гугл ја скенира содржината на мејловите (меѓу другото) со цел подобрување на резултатите од пребарување и подобро таргетирање на рекламите.

Зошто никогаш не треба да ги читате коментарите

Теоретски интернетот е фантастична алатка за секој медиум и новинар затоа што ти помага (пред се преку коментарите) да разговараш со публиката, а не само да и кажуваш нешто. Практично, секој има видено колку вредат коментарите на интернет.

Порнографијата сама себе се пиратира

Додека кај сите останати форми на забава пиратирањето се сведува на торенти, кај порнографијата главната мака се "тјуб" сајтовите кои нудат невидено количество бесплатно порно. Процената е дека во секоја секунда во просек има по 28.258 корисници кои гледаат бесплатно порно на некој од овие сајтови.

Кои пасворди треба ВЕДНАШ да ги смените?

Грешка во енкрипцијата наречена Heartbleed деновиве дига голема паника меѓу корисниците бидејќи се работи за една од најголемите безбедносни дупки во историјата на интернетот. Ние го проверивме нашиот сајт, Mashable  се занимаваше со другите.

Твитер и блуд

Според светските искуства активните твитерџии е далеку поверојатно да бидат неверни и да имаат проблеми со партнерот, што пак последователно ќе ја тера целата работа на развод.

Закерберг за плата од 1 долар годишно

По основа плата и бонуси, Закерберг за 2013-та на невестата дома и однесе вкупно 1 долар. И директорите околу него генерално се разочарани околу платата што ја примија.

Кој победи, ЈуТјуб или Виаком?

Двете страни неделава се спогодија околу милијардата долари што Виаком ја бараше од ЈуТјуб. Официјалниот исход не е соопштен, само се знае дека генерално изгубија сите што не се ЈуТјуб или Виаком.

Ако сакаш да го популаризираш Твитер, забрани го

Турција, поточно Ердоган, вчера вечерта одлучи да го блокира Твитер на државно ниво. Денес Гардијан објави дека од почетокот на забраната Турците имаат пуштено околу 2,5 милиони твитови, што е нов рекорд за земјата.

Како мозокот решава што ќе шеруваме

Луѓето имаат 4 основни емоции - среќа, тага, страв/изненадување и лутење/згрозеност. Маркетингот не лови по сите четири основи.

Ерата на Фејсбук е аномалија

Дана Бојд е една од најголемите светски експерти за тоа како тинејџерите ја користат технологијата, инаку работи во Микрософт Рисрч каде што задача и е да и помогне на компанијата да се снајде во трендовите на социјалните медиуми. По нејзе, сето ова што се случува на Фејсбук нема никаква логика.

Каде одиш, интернету?

ОК, сме гледале тешки утки околу предвидувањето на иднината на интернетот. Во моменталниот пресек на мислењата на експертите, тој за 10 години или ќе го има толку многу што ќе заборавиме дека е тука, или - ќе го нема ич.

Толку од бесплатното ширење преку Фејсбук

Последниве години Фејсбук се чинеше како единствената трафика преку која интернет содржините можат да стигнат до читателите и клиентите. Се билдаа фан групи, се молеше за лајк пред да се отвори страница. Супер лесно изгледаше сето тоа, ама, бидна. Деновите за бесплатно доаѓање до корисниците се одброени.