Пред една година Пејџ во рамките на компанијата го започна проектот Гугл 2.0, кој официјално го води како проект што треба да се соочи со големите предизвици кои го чекаат човештвото.
Конкретни зафати што Пејџ сака да ги направи под ова мото е да создаде поефикасни аеродроми и модел на град. За овие подвизи тој планира и основање на дополнителна лабораторија за истражување и развој, Гугл Ипсилон, која ќе се занимава со уште подолгорочни програми отколку сегашната Гугл Икс, управувана од Сергеј Брин и чија цел е поддршка на идните технологии.
Од пократкорочни цели, Пејџ е најзагреан за зголемување на прецизноста на ГПС, и дека следењето на локации треба да биде прецизно до инч (2,5 сантиметри). Друга технологија за која се интересира Пејџ е унапредување на биометриската безбедност (веројатно на допир) на паметните уреди.