Програмата почна со работа на почеток на годинава, и таа најмногу се потпира на тоа дека вие како угледен човек на заедницата нема да сакате да ве зборат дека сте дозволиле дома да се сурфа на порно сајтови (или каде и да го наоѓате вашето порно), па заради ова ќе му кажете на вашиот интернет провајдер да ви го укине порното.
Новиот извештај од Офком (тамошната регулаторна агенција) покажа дека само мал процент од британските интернет корисници (меѓу 4% и 8% во зависност од провајдерот) одлучиле да ги активираат филтрите за порнографија. Ова се однесува на сите нови (и обновени) корисници на интернет, на кои им е понудена опцијата за обновување за активирање на блокадата.
Филтрите воведени од Владата освен порнографија, блокираат и теми како насилство, коцкање, користење дроги и ширење омраза. Со филтрите се блокира речиси 20% од интернетот или секој 5-ти сајт.