"Секако лутината може да служи за коригирање или како мачен израз на беспомошност, казнувајќи го прекршителот ако тој или таа не ја добила заслужената казна (како Џорџ Зимерман). Уште повеќе тој може да биде и ефективен активизам, притискајќи за одговор од надлежните власти.
Меѓутоа интернет гневот најчесто многу повеќе кажува за коментаторот отколку за каузата, и тој може да направи многу повеќе лошо отколку добро, на иницијаторот и на прашањето," пишува Теди Вејн во Њујорк Тајмс.
Според една студија од 2013-та, луѓето кои лесно се запалливи на интернет, и во вистински живот се далеку погневни од општата популација. Генерално овие луѓе се многу полоши во изразувањето на својот гнев, а е и поверојатно да бидат дел од физички и вербални пресметки.
"Додека отровните навреди од анонимен коментатор имаа цел само да го срушат противникот или институцијата, гневен пост од Твитер од идентификувана сметка повикува на внимание на чесноста на самиот корисник што го пишал ова. Со фрлање на камења од 140 карактери од нашите Гугл Глас куќи, го заштитуваме нашето верување (или заблуда) дека сме морално супериорни над оние кои не' навредиле.
Емоциите функционираат на социјалната мрежа заради краткорочноста и осудата. Фејсбук пост од 700 зборови во кој се земаат предвид сите страни на проблематичното прашање малку е веројатно дека ќе има толку читатели или поддршка како досетка од една реченица која ги извикува интензивираните чувства," објаснува Вејн.
Како посебен тип на гнев популарен за социјалните медиуми е - комичниот гнев. Кое било паметно и досетливо спуштање без пропуст ќе биде раширено, без разлика што е полно со гнев скриен во забавен формат.
Гневниот одговор некогаш е и понавредлив од "оригиналниот грев." Така, како одговор на твитот на Џастин Сако од ИАК (Одам во Африка. Се надевам дека нема да фатам СИДА. Се шегувам. Белкиња сум.), твитер корисниците и посакаа на Сако да биде убиена или силувана и самата да се заради од СИДА.
Според професорот по психологија, Рајан Мартин, кој на Универзитетот на Висконсин го проучува гневот, можеби вистинскиот проблем не е во нашиот гнев, туку во избрзаноста, и нејзината врска со нашите лесно достапни уреди.
"Интернетот ги поттикнува проблемите со контрола на импулсивноста. Се лутиш и за тоа можеш да му кажеш на светот уште пред да имаш и еден единствен момент да се смириш и да ги размислиш работите," објаснува професорот.