Големите американски интернет оператори одамна кукаат дека веб содржината станува претешка за нивните мрежи и дека со постојаните "рамни' цени на интернетот не им се исплатуваат дополнителни вложувања во мрежите. Па бараат да наплаќаат по различни тарифи: сиромавите ќе се качуваат по скали, богатите по брз ескалатор.
Споредете ја ситуацијата со водата. Практично, ако плаќате вода по вообичаената цена, би се туширале капка по капка. Ако сакате да се истуширате нормално, ќе платите за притисокот.
10-ти септември е денот на кој интернетот си закажа глобален протест на оваа тема, прогласувајќи го за ден на "интернет забавувањето.' Поентата е проблемот да стане видлив и да се зголеми притисокот на светските нетизени врз регулаторите.
Иницијативата е поддржан од дузина масовни веб сајтови како Reddit, Digg, Imgur, Foursqare, Mozilla и други a можете да се приклучите и вие на неколку начини:
- ако имате веб сајт, ставете код на сајтот и нека тера цел ден (ние ќе го). Ако сте активни по мрежите, во текот на утрешниот ден сменете го својот аватар, споделете некоја фотка на Фејсбук, или Твитнете нешто (кодови и материјали имате овде).
Од една страна се кабелските и други оператори, од друга сите засегнати корисници на интернет.
Најописното презентирање на тоа од што всушност се состои проблемот на нет неутралноста имаше Џон Оливер кое го пренесовме на почетокот на јуни.
Дополнителни материјали овде