Во машкиот дел од работната сила, по мнозинството белци, со околу 30% на второ место се азијати, додека црнци и хиспаноси се 2 односно 3 проценти од сите мажи вработени во Гугл.
При објавувањето на бројките Гугл признава дека има проблем со тоа како им изгледа составот на вработените, и наведува некои од причините што довеле до тоа.
Цитирајќи статистики од извештајот од 2012-та од Националната фондација за наука, Гугл објаснува дека вработувањето на луѓе од други раси и жени е проблематично, бидејќи "црнците и хиспаносите се само 10% од луѓето кои дипломираат на колеџите во САД, и имаат помалку од 5% од сите дипломи за компјутерски науки," како и тоа дека само 18% од сите дипломирани на компјутерски науки во САД се жени.
Во врска со тоа што Гугл има повеќе жени на промотивните постери на компнијата, отколку во кацелариите објаснувањето е дека тие имаат вложено милиони долари во организации кои работат на промовирање на компјутерските науки меѓу жените и девојките, и се уште чекаат резултати.