Раскинување пријателство, живот vs. Фејсбук

Според едни, до сега процесот на губење пријатели беше прилично транспарентен и директен, ќе се скараш со некој и толку е, а сега на социјалните мрежи не си ни свесен дека повеќе некој не ти е пријател. Според други, и сега се случува истото како и некогаш, пријателството бледее и доаѓа до природниот крај.

Пред 3 години, професор по компјутерски науки од Универзитетот на Колорадо, Кристофер Сибона, објавува три есеи на темата Фејсбук и пријателство. Двата главни заклучока му се:

1. Најголемиот дел од времето, луѓето кои ги отследуваме се другари од средно, и пријатели на пријатели и колеги.

2. Имаме тенденција да отследуваме другари од средно бидејќи објавуваат контроверзни политички и религиозни пораки. Од друга страна, колегите ги отследуваме заради постапките што ги прават во реалниот живот.

Главната разлика што ја открива Сибона е што "во вистинскиот живот, пријателствата природно исчезнуваат. Ама на Фејсбук тие се растураат како јасна порака и знак."

Бришењето пријатели на Фејсбук е радикален потег, не за друго туку затоа што "цената за одржување пријателство на интернет е многу ниска: не треба нешто посебно да правиш, дури можеш и да го скриеш својот профил од некој пријател." (Истото можеш да го направиш и во спротивен правец, па пораките од одредени пријатели воопшто да не ти се појавуваат на ѕид и покрај тоа што се уште ти се на листата пријатели.)

Le Temps прави сопствена анализа на темата за тоа по која основа се прекинуваат пријателствата на ФБ. Во нивната студија најчеста причина за ова е политиката.

9 јуни 2014 - 12:38