Психолози, за пари, добиле пристап и дозвола од Фејсбук за да го менуваат фидот на 689.000 корисници, со тоа што им покажувале несразмерен број на позитивни и негативни статуси во период од една недела.
Заклучокот од експериментот е дека емоциите на другите на вашиот фид, може да влијае на вашето расположение.
Последицата од експериментот е што сега корисниците се гневни и на Фејсбук и на психолозите (ама повеќе на Фејсбук), за тоа што не биле информирани за промените и манипулирањето на нивиот фид.
Фејсбук легално има право да го направи ова, бидејќи уште со зачленувањето вие се согласувате дека тој може да ги користи вашите податоци за анализи, тестирање и истражување. Цаката на која што го фаќаат е дека е дека тој нема право да ги манипулира податоците (што се појавуваат во твојот фид) без претходна твоја согласност.
Одбраната на Фејсбук е дека во експериментот не е таргетиран некој конкретен корисник, и дека мрежата постојано прави истражувања за да ги подобри содржините што им ги сервира на корисниците, "а сериозен дел од ова е да се види како луѓето реагираат на различен тип на содржини, без разлика дали со позитивен или негативен тон."
На ова се надоврзаа и психолозите кои ја правеа студијата, објаснувајќи дека додека работеле со компанијата и тие сфатиле дека Фејсбук постојано го манипулира њуз фидот на корисниците.