1. Активатор
Процесот почнува со знак или стимулација. Ова е надворешен активатор. Најефикасен е ако дојде во моментот кога метата чувствува одреден тип на немир (кој Ејал го нарекува внатрешен активатор), за кој може да најде некаков вид на олеснување - како Фејсбук порака која се појавува во вашето сандаче баш во моментот кога се чувствувате осамени.
"Колку почесто луѓето се закачуваат на јадицата, толку повеќе производот создава поврзаност со внатрешните активатори како осаменост, досада или страв. Кога сме осамени му се вртиме на Фејсбук. Кога се чувствуваме неинформирани, одиме на Твитер," објаснува Ејал.
Седиш дома во недела на пладне, се чувствуваш осамено и се прашуваш дали сите други викендов си минале подобро од тебе. На телефон ти стига Фејсбук нотификација: тагиран си на фотографија од забава во петокот. Се закачуваш на Фејсбук за да видиш што е.
2. Активност
Реакција (на корисникот) се случува кога активаторот истовремено коинцидира со мотивацијата да се изврши некоја активност и капацитетот да се направи тоа. Примерот е кога очекуваш телефонски повик додека си сред бизнис состанок; твојата мотивација да се јавиш е висока, ама твојот капацитет да го направиш ова е низок, па кога ѕвони телефонот ти не креваш. Или може да си слободен да се јавиш кога ѕвони телефонот, ама забележуваш дека е скриен бројот од кој што ти вртат - претпоставуваш дека некој нешто ти продава (или ти се јавува за да ти каже да одиш да платиш кредит). Сега твојот капацитет да кренеш е висок, ама твојата мотивација е ниска, па пак не се јавуваш. Ако активаторот постојано не успева да го иницира посакуваното однесување, дизајнерот треба да се стреми да го засили капацитетот на корисникот да реагира, бидејќи на тоа полесно се влијае отколку на мотивацијата.
Паузата за ручек ја трошиш на читање њузлетер што ти стигнал на меил. Една приказна посебно ти се допаѓа, и на дното од пораката гледаш дека стои испишано "Сподели со пријатели." Кликајќи на ова автоматски те поврзува со твојата Твитер сметка. Технологијата толку многу го има олеснето твитањето - го зголемила твојот капацитет / способност - што ја правиш активноста без воопшто да размислиш за тоа.
3. Награда
Наградите доаѓаат во речиси бескрајни форми, од добивање внимание, прифаќање и почит (што очигледно значи на социјалните мрежи) до добивање чувство на вештина и автономија, и награди како пари или ваучери за подароци. Еден од најмоќните методи за зголемување на очекувањата и крајниот ефект на наградата, е таа да се направи непредвидлива. Класичен пример за ова е коцкање на автомати (slot-machines). Играчот никогаш не знае дали следното вртење ќе му биде добивка од 5 долари или џекпот од 50.000 долари. Непредвидливоста на наградата - и случајноста на нејзиното паѓање - е моќен мотиватор за повторно и повторно да се повлекува рачката.
Ти си програмер и си активен на Стак Оверфлоу, заедница на која волонтери објавуваат околу 10.000 програмерски прашања на ден. Минатата недела гледаш прашање за интересен проблем. Неодамна баш си го решил овој проблем и го пушташ одговорот. Сега кога ќе се најавиш со задоволство гледаш дека десетмина го изгласале твојот одговор за точен, далеку повеќе отколку што си очекувал. Пукаш од среќа.
Седиш на биро, работниот ден веќе завршува кога на телефонот ти стига Снапчат нотификација. Пораката е од колега што е на одмор: ти испратил фотка со чаша мартини до сочен бифтек. Мораш да му одговориш, што е сосема лесно - само два пати кликаш на пораката и се активира камерата од твојот телефон. Му испраќаш на колегата фотка од твојот ручек. Не можеш да дочекаш да видиш што ќе ти врати.
4. Инвестиција
Последната фаза на процесот, го затвора кругот со "лоадирање на следниот активатор." Клучот е корисникот да придонесе со некој свој елемент - твит, коментар, или видео - и за тоа, како возврат става во погон нов низ на настани кои ќе резултираат со испорака на следниот активатор. Пример Инстаграм: инвестираш со тоа што објавуваш фотографија. Потоа, кога следбениците лајкуваат или коментираат на твојата фотографија, сервисот на тебе ти испраќа известување што тебе те поттикнува да направиш уште еден круг низ целиот циклус на јадицата. Инвестицијата исто така може да предизвика и она што бихејвиоралниот економист Ден Ариелиј го нарекува ИКЕА ефект: придонеси во креацијата на нешто и тоа ќе го цениш повеќе, без разлика дали тоа е ЈуТјуб видео од рециталот на твоето дете или пост на Пинтерест.