"Зборот фантазија го користам внимателно откако го прочитав предупредувањето од воведот во документот на Делоит: 'Информациите содржани во овој извештај се добиени од Фејсбук и извори од трети страни, кои се јасно наведени во соодветните делови од извештајот. Делоит ниту бараше да ја потврди оваа информација, ниту да ја ревидира нејзината севкупна разумност. Дополнително, сите резултати од анализата содржани во извештајот се базираат на информации достапни во времето на пишување на извештајот и не треба да се земаат за веродостојни во последователниот период,'" објаснува Наутон.
Дилемата на Наутон, инаку универзитетски професор по јавно разбирање на технологијата, е дали Фејсбук чувствува дека е обврзан секоја година да минува низ истата вежба затоа што стравува "дека светот еден ден ќе се разбуди и ќе види дека дигиталното шпионирање и сеопфатното следење кои лежат во срцето на активностите на компанијата не мора да се општествено корисни?"
Наутон објаснува дека интернет и техшнолошките компании со тоа што се поставуваат дека се на страна на корисниците, и крајно етички (за разлика од банките, нафтени компании и сл.) "успешно го одвратија јавното внимание од фактот дека тие се само последната верзија на големите капиталистички претпријатија: Џон Рокфелер 3.0."
"Позитивниот наратив малку беше нарушен од откритијата на Сонуден околу раширеноста на корпоративното како и државното прислушување, од степенот на избегнување данок од технолошките компании и се поголемиот немир околу доминантноста на американските компании во интернет просторот. Па беше интересно да се види дека годинава Давос беше помалку расположен кон технолошките компании отколку во минатото. Џилијан Тејт од Фајненшл Тајмс во извештај од Давос го пренесе ставот на бизнис лидерите дека 'доколку рапидно не го променат својот пристап, големите технолошки компании ќе го доживеат истиот колапс на репутацијата како што им се случи и на банките во последниве години,'" објаснува Наутон.