Група истражувачи од Универзитетскиот колеџ Лондон, прават 13 Фејсбук страни за "вирутелна струја." На нив нема никаква содржина и во описот е вклучено "ова не е вистинска страна, ве молиме не ја лајкувајте."
По ова, за 5 страни користеле Фејсбук реклами за да ја зголемат посетеноста. Секоја од страните имала буџет од 6 долари на ден во период од 15 денови, и секоја имала посебна публика - посетители од САД, Франција, Индија, Египет и глобално.
Во исто време за останатите 8 страни користеле четири фарми за лајкови(BoostLikes.com, SocialFormula.com, AuthenticLikes.com и MammothSocials.com). Тука цената била од 70 до 190 долари за 1.000 лајкови во рок од 15 денови.
Резултатите од Фејсбук рекламите по посетители се:
- 32 лајкови од САД
- над 500 лајкови од Индија
- над 500 лајкови од Египет
- 44 лајкови од Франција
- над 500 лајкови на глобалната кампања (од кои мнозинството од Индија)
Просекот на публиката која лајкувала преку Фејсбук реклами се профили со околу 300 пријатели (колку што е светскиот просек), и меѓу 600 и 1.000 лајкувани страни (просекот на Фејсбук е околу 40).
Што се однесува до фармите, секоја од нив го испочитувала ветеното и ги испорачала 1.000-те лајкови што ги продала. Она што забележале кај фармите е дека околу 700 лајкови дошле во првите неколку часа (што речиси гарантира дека станува збор за ботови) и дека овие профили во просек имале меѓу 1.200 и 1.800 лајкови.
Кај истражувачите и пред ова генерално има сомнеж дека фармите работат по основа на ботови и масовно правење лажни профили. Она што ги загрижува е:
- што и Фејсбук успева да им ги испорача ветените лајкови и покрај тоа што тие на своите страни јасно кажуваат дека се лажни.
- овие лајкови доаѓаат од публика која значително се разликува од типичниот Фејсбук корисник.
п.с. Околу плаќањето реклами на Фејсбук и нивните лајкови, тука има едно видео што треба да го ѕирнете