Тие веќе свикале состанок на темата на високо ниво. Присутни биле министерот за култура, функционери од влада и претставници на Гугл и Фејсбук. Твитер не можел никого да им испрати, па им понудил еден од вработените во канцеларијата во Даблин да биде на телефонска линија.
Забелешката е дека на Твитер дневно се објавуваат околу 500.000 фотографии за возрасни, а притоа компанијата нема никаква политика за блокирање на овие фотографии, ниту пак ја мониторира содржината што се објавува кај нив. Единствено нешто што Твитер бара од корисниците е да ги обележат своите твитови ако станува збор за чувствителна содржина.
Сега британската влада прави притисоци врз Твитер да преземе нешто околу порнографијата и да фати да ги филтрира содржините за да не им пропадне проектот со филтерот, кој инаку не го опфаќа Твитер. Се проценува дека Британија има околу 15 милиони корисници на Твитер, од кои 1 милион се деца.