Бил Гејтс од 1999-та

Во 1999-та Гејтс ја пишува книгата "Business @ the Speed of Thought." Во неа прави 15 предвидувања за блиската иднина, кои во тоа време звучат неверојатно. Од сегашна гледна точка само вади од памет прецизноста на Гејтс.

- страници за споредба на цени
Што кажа: "Ќе се развијат сервиси за автоматизирано споредување на цени, кои ќе им дозволат на луѓето да ги гледаат цените од различни веб-страни, со што ќе можат без никаков напор да ги најдат најевтините производи за најразлични индустрии."
Што имаме: Гугл, Амазон, НекстТаг, ПрајсГрабер.

- мобилни уреди
Што кажа: "Луѓето наоколу ќе носат мали уреди кои ќе им дозволат константно да бидат во комуникација и да го вршат електронскиот бизнис од каде и да се. Тие ќе можат да ги проверуваат вестите, летовите што ги резервирале, да добиваат информации од берза..."
Што имаме: Паметни телефони, паметни часовници.

- инстант плаќање, онлајн финансии, здравствена заштита
Што кажа: "Луѓето ќе ги плаќаат своите сметки, ќе ги регулираат финансиите и ќе комуницираат со своите доктори преку интернет."
Што имаме: ZocDoc (нешто налик Мој Термин за приватни доктори), ПејПал, ЛендигКлуб (сајт за позјамување пари).

- социјални медиуми
Што кажа: "Приватни веб-страни за вашите пријатели и семејството, кои ќе ви дозволат да разговарате и да планирате случувања."
Што имаме: Фејсбук, Инстаграм, Твитер.

- паметно рекламирање
Што кажа: "Уредите ќе имаат паметно рекламирање. Тие ќе ги знаат вашите купувачки навики и ќе објавуваат реклами направени во согласност со вашите потреби."
Што имаме: Онлајн платформи за рекламирање каде што огласувачите можат да бираат публика според нивните пребарувања на интернет, личните интереси и купени производи.

останатите

29 април 2015 - 17:27