Хисматулин на својот блог го објавил пропустот кој му дозволува со испраќање на една текстуална команда да го избрише кое било видео и сето тоа да изгледа како да е избришано од неговиот сопственик.
Не е спорно дека Хисматулин можел да го избрише Гангам Стајл со 2,2 милијарди прегледи, или да го автоматизира целиот процес и да го испразни ЈуТјуб, па да заврши како (зло) интернет божество. Сепак тој се решава да го пријави пропустот во Гугл (што е веќе воспоставена пракса) за што добива награда. Она што е некоректно е дека наградата му е несразмерно голема во однос на штетата што можел да ја направи - 5.000 долари.
"Во основа потрошив 6-7 часа на истражување, во нив се вклучени и неколку часови во кои се борев со желбата да го избришам каналот на Џастин Бибер хахаха.
Иако кога го пријавив проблемот беше рано саботно утро во Сан Франциско, тимот за безбедност на Гугл многу брзо ми одговори, бидејќи овој пропуст може да создаде тотален хаос во рок од неколку минути. Во погреши раце пропустот може да се искористи за изнудување пари од луѓе или едноставно пореметување на работата на ЈуТјуб со бришење на огромни количини видеа за многу краток рок. Ова беше поправено во рок од неколку часа, Гугл ме награди со 5.000 долари и за среќа ниту едно видео на Бибер не беше повредено :)," пишува Хисматулин на својот блог.
Веќе во коментарите Хисматулин е пишман околу наградата и признава дека очекувал повеќе од 5.000 долари, поточно некаде меѓу 15 и 20 илјади долари.