Во 2014-та Гугл од корпоративни решенија заработува 1,6 милијарди долари, што не е ништо на приход од 66 милијарди долари, ама пак се над милијарда долари.
Гугл има корпоративни решенија за речиси секој можен производ што го нуди Микрософт:
- Гугл пребарување за бизниси, е сервис кој компаниите можат да го инсталираат на својата вебстрана и да им функционира како пребарувач за нивните внатрешни системи или веб-страни. Ова е првиот корпоративен производ на Гугл.
- Гмаил за работа, се нуди само како дел од Гугл Апс, ама е една од главните причини зошто компаниите ги купуваат Гугл Апс, и може да се адаптира на сопствените потреби.
- Гугл Драјв за работа, сервисот на Гугл за неограничено складирање на производи во облак, кој е директен конкурент на Микрософт УанДрајв, Бокс и Дропбокс.
- Видео-конференции се достапни преку сервисот на Гугл+, Хенгаутс, или како уред наречен Хромбокс за состаноци. Ова е директен конкурент на Скајп на Микрософт и на далеку поскапите решенија на Циско (Телепрезенс).
- Гугл Мапи за работа, е сервис кој им дозволува на програмерите да ги вметнуваат своите мапи и ГПС софтверот во апликации. Ова е сервис што Тесла автомобилите го користат за ГПС инструкции. Микрософт нуди слична услуга од Бинг мапи.
- Хром за работа, верзија на Гугл Хром која администраторите можат лесно да ја менаџираат за илјадници корисници.
- Хромбук е компјутер на кој софтверот му е во облак и го користи ХромОС оперативниот систем. Гугл има Хромбук за на работа програма, која вклучува корпоративни алатки.
- Андроид за на работа, е специјална верзија на Андроид со дополнителна безбедност и опции за бизниси. Ова опфаќа и Андроид за автомобили, кој се користи системите за забава и информации на новите паметни автомобили.
Првиот човек на Гугл на работа програмата, Амит Син, за 2014-та ги дава следните статистики за својот оддел:
- Над 60% од Форчун 500 компаниите активно користат платени производи на Гугл.
- Ја достигнале стапката од 95% задоволство на корисниците од производот.
- Гугл Апс има над 5 милиони бизнис корисници.
- Над 1.800 нови корисници на Гугл Драјв за работа, неделно.