Меѓутоа моментално МајСпејс не покажува знаци дека ќе ја сопре својата постојана експанзија која, како што МајСпејс генерацијата почнува да се вработува, може да го прошири влијанието на Мурдок на начини кои ќе го направат неговото владеење со сателитската телевизија да изгледа неспоредливо минорно.
Во времето кога го купуваше се збореше дека ако Мурдок се обиде да се вмеша во културата на "споделување" на Мајспејс и да ја комерцијализира, неговите членови едноставно ќе се префрлат на еден од дузината клонови кои се изродија од Bebo.com до се помобилниот Cyworld.com, кој ја освои Јужна Кореја и сега ја пренесува битката во дворот на МајСпејс, во САД. Сајворлд наведува истражување кои покажува дека МајСпејс е сајт на кој децата го стекнуваат своето "право на минување" и со тек на време ќе го надраснат, додека Сајворлд е "вистинскиот ти" искуство. Ова е интересна, речиси аристотелска, разлика меѓутоа некои тврдат дека можеби веќе е премногу доцна за конкуренцијата да го исфрли МајСпејс, освен можеби на ниш пазарите.
Џон Барет од ТечЊузВорлд тврди дека МајСпејс е на пат да стане она што економистите го нарекуваат "природен монопол." Корисниците имаат инвестирано толку многу социјален капитал во него, објавувајќи податоци за себеси, што не им се исплати да ги менуваат сајтовите, посебно што секој нов корисник на МајСпејс додава кон неговата вредност како мрежа за интеракција со луѓе.
Општо е познато дека факс машината ти е безвредна се додека и останатите не стават една. Ова се случува и во социјалното вмрежување освен што, за разлика од факсот, тоа не може инстантно да биде заменето за друго. Лесно е да се промени пребарувач, па дури и Гугл. Ама ако сакаш да ги промениш социјалните мрежи не само што ќе треба да ги преселиш сите твои видеа, аудио, пораки, фотографии на друго место, ти исто така ја губиш и твојата мрежа на пријатели освен ако и тие не мигрираат со тебе. МајСпејс нема ова да го олесни. Според неговиот ко-основач Крис Де Вулф, огромна база на податоци ќе помогне да се одржи доминацијата на МајСпејс. "Во социјалното вмрежување постои огромна предност да имаш опсег. Можеш речиси секого да најдеш на МајСпејс и колку повеќе време е инвестирано во сајтот, толку повеќе луѓето се затворени во него."
Ако беше држава, МајСпејс ќе беше седмата по големина, пред Русија и Бангладеш, иако не сите негови членови се активни. Кога почнав да ја пишувам статијава имаше 153.339.321 членови, а кога ја завршив 153.523.640 членови. Што претскажува овој раст за иднината? За прв пат истомислениците од медиумската генерација ќе растат во инстантна интеракција: персонификација на глобализацијата. Можеби повеќе нема да ни требаат CV-a, кога нашите животи ќе бидат достапни онлајн.
Дали комерцијализацијата ќе биде погубна за културата која го издигна МајСпејс? Договорот од 900 милиони евра за 3 години, што Гугл го потпиша за да може да ги објавува своите реклами на МајСпејс, наводно повторно се преговара. За повисока сума. Кога минатата недела го отворив сајтот бев пречекан од одбивна реклама што трепка. Додека се најавував ме дочека гласна видео реклама која немаше очигледен начин за стишување. Цела среќа што не бев во библиотека.
Тоа не им пречи на членовите на МајСпејс и тие изгледаат како да не ги занимаат ни други проблеми. На пример, содржини генерирани од корисници. МајСпејс е голем генератор, можеби и најголем, меѓутоа корисниците не добиваат пари за ова. Ама зошто не? Гугл, сопственикот на ЈуТјуб, огромниот сајт за хостирање видео клипови, е под опсада од корпорации, несомнено и од Фокс империјата на Мурдок, за да добијат надомест за авторски права од овие клипови. Сепак МајСпејс го собира целиот крем од приходот од рекламите поврзани со содржините на корисниците, без кои златниот рудник на МајСпејс ќе исчезне. Разликата е што противниците на ЈуТјуб се големи корпорации, додека корисничката моќ е поделена меѓу 150 милиони поединци на Мајспејс. Можеби тие треба да формираат виртуелен синдикат.