Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Непалската Ген З го запали парламентот и го истера премиерот

9 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Непалскиот премиер Хагда Прасад Шарма Оли поднесе оставка откако протестите против корупцијата еруптираа во улични пресметки со 19 жртви и палење на парламентот и резиденцијата на премиерот.
  • Повод за демонстрациите беше владината блокада за социјални медиуми, со објаснување дека групите таму договараат соборување на власта. Илјадници  луѓе, претежно млади, вчера во Катманду тргнале да го заземат Парламентот, на што полицијата возвратила со солзавец и гумени куршуми, но и со бојна муниција. Во општиот хаос биле убиени 19 луѓе и повеќе од 300 биле повредени.

  • Иако владата ја укина блокадата на социјалните мрежи, „Бунтот на генерацијата З“, како што медиумите ги нарекоа протестите, денеска бил уште помасовен. Наместо да упаднат во Парламентот, демонстрантите го запалиле, исто како и резиденциите на премиерот Оли и на други политичари. Премиерот веднаш дал оставка и го напуштил Непал.
  • Поради чадот од запалени објекти и улични барикади бил запрен сообраќајот на меѓународниот аеродром. Војската апелираше до младите да се воздржат од насилства, бидејќи оставката на премиерот е прифатена.
  • „Непалците, особено од генерацијата З, се разгневени од корупцијата, нетранспарентноста, неодговорноста и лошото владеење. Ова се собираше со времето и крвавото задушување на мирните протести поради забраната за социјални медиуми експлодираше во трагедија. Сега никој не управува со ситуацијата. Групи млади луѓе ги вандализираат имотите на функционерите и политичарите“, објаснува непалската новинарка Рамјата Лимбу.

извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

6

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
7

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
8

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Украинците се жртви на американската "Студена војна 2.0"

Љубовно пакетче за Скопје

Една е мајка

Осветување, бугарски стил

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy