- Кога требаше да се одлучам што да студирам, требаше да биде нешто поврзано со човекот, со неговата универзална потреба да го објаснува светот во којшто живее, да воспоставува и да одржува врски со други луѓе (затоа што сака или затоа што мора), да верува во нешто поголемо од самиот себе за така да пронајде ред во хаосот.
- Денес, кога предавам на Институтот за етнологија и антропологија, се обидувам таа љубопитност за човекот и неговите приказни да ја пренесам и на студентите. На 20 годишнината од неговото постоење во рамки на Природно-математичкиот факултет и јас и моите колеги сме горди на постигнатото и на кадарот кој сме го произвеле.
- Секогаш кога на празник ќе се наполни трпезата, кога ќе се запее некоја народна, кога ќе се кренат чашите и ќе се посака добро на домашниот, соседот, човекот, сетете се на етнологијата и антропологијата и на нивната моќ да ги разбира и да ги сплотува.
Види и:
Илина на ТЕД
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.