Веризон го купува АОЛ за 4,4 милијарди долари

Информацијата денес ја објавија двете компании, а според соопштението тие успеале да постигнат цена од 50 долари по акција.

Во зделката влегуваат и неколку медиа компании кои се под АОЛ: Хафингтон пост, Теч Кранч, Енгеџет, Мејкерс и АОЛ.ком.

Според договорот АОЛ станува подружница на Веризон, а сегашниот директор на компанијата останува на чело се до исполнување на договорот.

Како и претходните договори за купување на Т-мобиле од страна на АТ&Т така и оваа зделка ќе мора да биде одобрена од Федералната комисија за комуникации. Конечната зделка треба да биде договорена некаде во текот на летото.

12 мај 2015 - 14:10