Базата на податоци објавена од хакерите ја анализира главната уредничка на Гавкер, Анали Њувиц, којa открива "многу сомнителни работи што сугерираат дека речиси сите женски профили на сајтот се лажни, и одржувани од вработените на компанијата."
Од податоците на хакерите се гледа дека според официјални бројки 31 милиони сметки им припаѓаат на мажи, а околу 5 им припаѓаат на жени.
Њувиц подетално ги анализира овие податоци и открива еден куп тест профили кои завршуваат со ashleymadison.com, што сугерира дека тие се креирани во фирмата.
Таа открива три клучни податоци:
- Само 1.492 жени од сите членки барем еднаш го имаат отворено својот инбокс за да проверат дали им стигнала порака. Кај мажите бројката е некаде над 20 милиони.
- Само 2.409 жени некогаш ја искористиле функцијата за четување на сајтот, наспроти 11 милиони мажи.
- Само 9.700 жени одговориле на порака од друго лице, наспроти речиси 6 милиони мажи. (Оваа бројка е поголема од бројот на жени кои ги провериле пораките бидејќи сајтот има опција истовремено да одговориш на голем број пораки кога прв пат го проверуваш сајтот, без воопшто да го отвориш инбоксот.)
"Ашли Медисон е сајт каде десетици милиони мажи пишуваат мејлови, чатуваат, и трошат пари на жени кои не се таму," пишува Њувиц.