Главното соопштение на 1-ви октомври беше дека Адблок се приклучува кон програмата за прифатливи реклами, која воведува сопствени стандарди за тоа како треба да изгледа банер.
Втора работа што ја опфаќа програмата за прифатливи реклами, е опцијата за огласувачите да платат за да бидат ставени на нивната белата листа, односно списокот на огласувачи и реклами кои ќе бидат пропуштени и ќе се појават во вашиот браусер.
Во оваа програма од неодамна се приклучи и апликацијата Кристал, моментално најпродаваната апликација на Ајфон за блокирање реклами.
"Па сега компаниите можат да му платат на авторот на Кристал да ги објавува нивните реклами на корисници кои платиле 0,99 долари исклучиво со намера да не гледаат реклами," пишува Ник Стат во Верџ.
При крај на соопштението авторот на Адблок, Мајкл Гундлах, објавува дека ја продал компанијата и дека комплетно заминува од таму. Никаде не се спомнува кој е новиот сопственик, а единствена информација е дека на место на директор доаѓа Габриел Кубиџ, кој и пред неколку години беше на оваа позиција.